ВИДЕО: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближи кон куќите

Од:

Драматична ситуација се случувала синоќа над Зелениково, каде пожарот се приближувал до куќи во последниот ред на ридот. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, раскажува дека околу 2 часот по полноќ добил вознемирувачки повик од жителка која барала итна помош.

Според Ангелов, веднаш го контактирал дежурниот скопски пожарникар, кој му потврдил дека екипа од противпожарната станица во Драчево веќе тргнала кон Зелениково.

Во тој момент Ангелов се враќал од Македонски Брод и се наоѓал на патот низ ловиштето Јасен. Тој веднаш му наредил на возачот да продолжи кон Зелениково.

„Целиот период, од пријавата до пристигнувањето, комуницирав со пријавителката и успеав барем малку да ја смирам“, вели Ангелов.

По околу половина час пристигнале на критичната локација. Во меѓувреме, за пожарот бил известен и градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, кој веднаш го стартувал општинското противпожарно возило и со него пристигнал до куќите. На терен дошле и членови на доброволното противпожарно друштво од Зелениково.

Жителите од последните куќи, пак, уште претходно презеле мерки за заштита – на неколку места прскале со вода и ги отстранувале критичните грмушки и дрвја.

Заедничката интервенција била доволна огнот да биде запрен пред да стигне до куќите.

Ангелов упати благодарност до градоначалникот, жителите, доброволните пожарникари и скопските пожарникари, чие возило, како што вели, пристигнало многу брзо.

Тој најави и поддршка за доброволните пожарникари од Зелениково. Со нив договорил да бидат вклучени во Тимовите за брз одговор на ДЗС, а Дирекцијата ќе им обезбеди заштитни униформи, противпожарни напртњачи и метли за нивниот иден „Огнен тим“.

„Сите заедно ставија крај на оваа огнена стихија која можеше да уништи повеќе куќи“, вели Ангелов.

На крајот, тој повторно апелира до граѓаните да бидат особено внимателни.

„Доволна е само искра за вистинска катастрофа“, порача Ангелов.

Ангелов.

Би можело да ве интересира

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on

(ВИДЕО) Со трактор в огнената линија: Аце од Ивањевци го бранеше Лознани од пожарот

ВИДЕО: Еден повреден во битката со огнот кој дојде на 50-ина метри над куќите во Лознени, пожарот е под контрола

(ВИДЕО) Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор

Активни пожари кај Македонски Брод и над селото Моране

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка