СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Од:

СДС денеска реагира на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Идризово, каде што изврши увид во изградбата на фекална канализација.

Од партијата велат дека посетата е „логичен избор“, имајќи ја предвид едномесечната криза со загадената вода во Гостивар.

„Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура. Само овојпат од правилната страна на цевката“, наведуваат од СДС.

Од опозициската партија го критикуваат Мицкоски дека за време на кризата со водата во Гостивар немал увид или посета на градот.

„Додека во Гостивар немаше ниту еден негов увид, ниту една посета, ниту една „здравица“ со граѓаните кои се труеја и заболуваа, сега има време за фотографирање покрај канализација во Идризово“, стои во соопштението.

СДС иронично се осврнува и на локацијата на денешниот увид, наведувајќи дека Идризово, место кое граѓаните го поврзуваат со затвор, денеска го пречекува премиерот како „експерт за фекален систем“.

Во реакцијата партијата го споменува и Савевски, за кого тврди дека наместо да ја работи својата работа, постапувал по барање на Мицкоски.

Од СДС повторно ја обвинуваат Владата за начинот на справување со состојбата во Гостивар и наведуваат дека во период од еден месец имало загадена вода, голем број заболени, епидемија на жолтица, проблеми со водата во болницата, како и случаи на западнонилска треска со два смртни исходи.

Соопштението го завршуваат со иронична порака:

„Еден месец криза со загадена вода. Илјадници заболени. Епидемија на жолтица. Отруена вода во болницата. Епидемија на западнонилска треска. Двајца починати од западнонилска треска. Болниците во колапс.

А премиерот?

Прво на научна екскурзија.

Потоа на увид на фекална канализација.“

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите