На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.
Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – с. Житоше во општина Крушево и кај селото Бојане во општина Сарај.
Под контрола е пожарот кај градската депонија во Делчево.
