Земјотрес со магнитуда од 5 степени рано утрово го погоди поширокото подрачје на Гранада, на југот на Шпанија. Оштетени се згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти.
Според податоците на Националниот географски институт на Шпанија (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот, со епицентар на длабочина од само два километри во Алхендин, во метрополитенското подрачје на Гранада.
Потресот е почувствуван во речиси цела Андалузија, со исклучок на провинциите Уелва и Кадиз.
Службите за вонредни ситуации примиле повеќе од 80 повици од граѓани, а пријавена е различна материјална штета, вклучително и одвојување на делови од фасади и покриви, оштетувања на автомобили и појава на свлечишта.
🔴 ÚLTIMA HORA | Terremoto de 5.0 epicentro en Granada 🇪🇸 España
Se observan daños en varios edificios. pic.twitter.com/hHoFyifocX
— Realidad Internacional 🌍 (@realidad_int) August 15, 2026
Припадниците на Цивилната заштита превентивно евакуирале една зграда во Лас Габијас поради оштетувања предизвикани од земјотресот.
Регионалната влада на Андалузија ја активирала фазата на вонредна состојба поради сеизмичкиот ризик.
🇪🇸 ATENCIÓN: Sismo de magnitud 5,0 en Alhendín, Granada, España. pic.twitter.com/4PCFep1KjA
— Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) August 14, 2026
Заменик-претседателот на регионалната влада, Антонио Санс, ги повика граѓаните да останат смирени и да избегнуваат непотребно влегување и излегување од оштетените објекти.
Тој исто така предупреди граѓаните на улица да се држат подалеку од фасади, покриви, балкони и ѕидови поради опасност од нивно уривање.
Во часовите по главниот потрес се регистрирани уште четири послаби земјотреси со магнитуда меѓу 2,2 и 3,7 степени во метрополитенското подрачје на Гранада.
