Романскиот Генерален инспекторат за вонредни ситуации (IGSU) денеска издаде екстремно предупредување за населението во северниот дел на округот Тулча поради можност од паѓање објекти од воздушниот простор.
Романското Министерство за одбрана соопшти дека дрон паднал во шумско подрачје, додека Инспекторатот за вонредни ситуации наведе дека леталото паднало во областа на каменоломот Четаќуја, по што избувнал пожар.
Околу 19 часот по локално време, Министерството за национална одбрана на Романија соопшти дека се пронајдени остатоци од уште еден дрон во близина на местото Плауру, во округот Тулча.
BREAKING: A drone has crashed in Romania, near Luncavița in Tulcea County, around 5 km from the Ukrainian border.
The drone crashed in a wooded area, exploded and caused a fire. No casualties or material damage have been reported so far.
Romania’s Defence Ministry said the… pic.twitter.com/RzTqXmd1UY
— GeoInsider (@InsiderGeo) August 14, 2026
Воените единици излегле на терен и го обезбедиле подрачјето.
Уште еден дел од дрон паднал на плажа во Сатурн, по што областа била оградена и пристапот бил ограничен до пристигнувањето на надлежните служби.
Романското Министерство за одбрана претходно соопшти дека остатоци од дрон биле пронајдени и во северозападниот дел на округот Тулча, во близина на местото Гречи, во планините Мачин.
„Специјализиран тим на Министерството за национална одбрана е упатен на местото со хеликоптер IAR-330 Puma SOCAT на романските воздухопловни сили, со цел проценка на остатоците и нивно неутрализирање, доколку тоа биде потребно“, се наведува во соопштението.
Романските власти дополнително го следат подрачјето и ги истражуваат околностите под кои дроновите паднале на повеќе локации во земјата.
