Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, еден починат од вирусот

Од:

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во Кисела вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.

Регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.

На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои пет се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Во викендот починал 83-годишен маж кој имал и пропратни болести.

Би можело да ве интересира

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани има само шест пациенти

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати – сите се мажи

Горан Наумовски

Осма жртва од западнонилска треска