Поранешниот унгарски министер за надворешни работи, Петер Сијарто, е обвинет за евентуално поткупување и може да се соочи со казна затвор до три години доколку биде осуден, објави унгарскиот портал Индекс.
Обвинението го поднел унгарски активист и обвинителите го префрлиле во полициската станица во Будимпешта, која има овластување и надлежност да истражува.
По добивањето на пријавата за наводното кривично дело, обвинителите рекоа дека дадените информации „може да укажуваат на поткуп“.
Тврдењата за поткуп се поврзани со назначувањето на Сијарто на висока позиција во кинескиот производител на автомобили BYD, откако Унгарија минатиот месец започна истрага за државните субвенции доделени на кинескиот производител на електрични возила.
Сијарто се вработил во BYD откако поднесе оставка од местото пратеник на 15 јули.
Бидејќи повеќе не е пратеник и нема пратенички имунитет, Сијарто може да биде гонет, а доколку биде прогласен за виновен, ќе се соочи со казна затвор до три години.
