(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку 13 лица се тешко повредени

Од:

Белгород повторно беше подложен на масовен напад со беспилотни летала рано утрово, при што беа повредени најмалку 13 лица, меѓу кои и две деца, објави вршителот на должноста гувернер на Белгородската област, Александар Шуваев.

„Белгород повторно е под масовен напад од беспилотни летала на киевските терористи. Досега, пристигнаа информации за околу 13 повредени лица, меѓу кои и две деца, како резултат на нападите“, изјави Шуваев.

Четиригодишно момче со прострелни рани во градите беше однесено со брза помош во детската регионална клиничка болница. На местото на настанот беа укажани и лекарски помош на деветгодишно момче и тројца возрасни. Осум од повредените беа однесени во медицински установи во Белгород, пренесува РИА Новости.

Според прелиминарните податоци, во нападот беа оштетени најмалку четири повеќекатни згради, административна зграда, како и социјални и комерцијални објекти.

Информациите за последиците од нападот се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев

Христофору до Калас: „Русија напредува, а вие живеете во заблуда“

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кулеба: Расте ризикот од напади врз Украинци во Полска

Маск го одбил барањето на Киев „Старлинк“ да се користи за напади длабоко во Русија