Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

Од:

Пациентите на кои им е потребен лекот „Фостер“ повторно ќе можат да го подигнат од аптеките без дополнителна доплата, информира Министерството за здравство.

Од Министерството велат дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, кој се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите.

„Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт“, соопшти Министерството.

Истото, како што појаснуваат од Министерството, важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Од Министерството додаваат дека во континуитет се спроведуваат активности за обезбедување поголема достапност на лековите и нивна достапност по поприфатливи цени за пациентите.

Би можело да ве интересира

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

ВИДЕО: Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез

Катерина Ѓуровски

МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата