Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Од:

Скопјанец со дури 3,29 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода во Скопје, по што бил лишен од слобода.

Инцидентот се случил вчера околу 15:10 часот на улицата „Пролет“, каде 34-годишниот И.А.Л. од Скопје, управувајќи автомобил „Матиз“ со скопски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајка со „Хонда“, управувана од 20-годишниот Д.П. од Скопје.

Во незгодата била причинета материјална штета. При увидот, полициските службеници утврдиле дека 34-годишникот возел под дејство на алкохол, при што алкотестирањето покажало неверојатни 3,29 промили алкохол во крвта.

И.А.Л. бил лишен од слобода во 17 часот. За случајот бил известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва