Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

Од:

Директорот на ЈКП Сарај, И.Х.(41), вчера во Полициското одделение Сарај пријавил дека во периодот од 16:30 часот на 31 јули 2026 до 6:40 часот на 4 август 2026, од неговата канцеларија биле украдени пари од прометот на Јавното комунално претпријатие.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата, која е сместена во објектот на општината, и од фиока од негово работно биро биле украдени пари од прометот на ЈКП Сарај.

МВР не соопштува за колкава сума се работи, но укажува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва