ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Од:

Дванаесетгодишно момче од Мароко, низ солзи и со молби упатени до шпанските војници – „Ве молам, чичко, ќе ви ја бакнам главата, немојте да ме враќате“ – стана симбол на хуманитарната криза што ја погоди шпанската енклава Сеута по последниот бран мигранти.

Речиси една седмица по масовниот прилив на мигранти, во Сеута останале околу 1.000 малолетници без придружба на родители или старатели, додека властите се обидуваат да одговорат на хуманитарната и безбедносната криза.

Во еден од случаите, шпански воен офицер го запрел враќањето на момчето во Мароко откако тоа почнало да плаче и да моли да не биде депортирано, а на местото биле присутни жители и новинарски екипи.

Шпанската влада најави дека ќе издвои 25 милиони евра за згрижување на малолетниците во Сеута. Во меѓувреме, прифатниот центар за мигранти, кој има капацитет за 600 лица, е целосно исполнет, а многумина се принудени да ноќеваат на плажите и околните ридови.

Меѓу возрасните мигранти кои останале во Сеута има луѓе од Судан, Појасот Газа, Авганистан и други африкански земји, додека новинарите на терен известуваат и за недостиг од храна.

Поголемиот дел од мигрантите кои минатата седмица ја преминаа границата меѓу Мароко и шпанската енклава веќе се вратени, но децата без придружба остануваат меѓу најранливите категории.

Би можело да ве интересира

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руски дрон нападна и бркаше продавач на пазар во Херсон

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Зошто Сеута е жариште за мигранти и како толку многу луѓе успеале да преминат од Мароко во Шпанија

ВИДЕО: Шпанија постави ограда долга 500 метри на границата меѓу Сеута и Мароко

ВИДЕО: Шпанија ги врати во Мароко мигрантите кои ја опседнаа конклавата Сеута