Московската област утрово беше цел на сериозен напад со беспилотни летала, при што загинаа најмалку пет лица, а шест беа повредени, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов.
По украинскиот напад со беспилотни летала избувнаа неколку пожари во индустриската зона Новоселки. Најголемиот од нив, во магацин, веќе е изгаснат, објави РИА Новости.
Оштетени се и клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи електрична трафостаница и административна зграда. Пожарникарите и службите за итни случаи се уште се на местото на настанот, обидувајќи се да ја санираат штетата, додаде Воробјов.
