Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Од:

Окружниот суд во Ерусалим денес му забрани на израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, да користи крокодили за обезбедување на затвори во кои се сместени осомничени или осудени терористи, објави „Џерусалем пост“.

Судот издаде привремена забрана откако тужбата на групата за права на животните „Let Animals Live“ го оспори планот.

Бен-Гвир ја критикуваше одлуката на судот, велејќи дека правосудниот систем „застанал на страната на терористите“.

– Уште еднаш, во време на војна, правосудниот систем застанува на страната на терористите и спречува важни мерки за зајакнување на одвраќањето на Израел. Знаеме дека терористите се плашат од доаѓањето на крокодилите, но денес судот им дојде на помош, рече Бен-Гвир.

Министерката за животна средина, Едит Силман, минатиот месец, го прекласифицираше нилскиот крокодил како „одгледано диво животно од фарма“, што би ѝ овозможило на израелската затворска служба да ги распореди крокодилите околу затворот, и покрај противењето на правните советници на нејзиното министерство и Управата за природа и паркови.

Според извештаите во медиумите, програмата првично била планирана да се тестира во затворот Кечиот, откако властите побарале да добијат крокодили од комплексот Хамат Гадер.

Би можело да ве интересира

Конфликт во врвот на израелската армија: Министерот за одбрана го смени клучниот командант

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Израел нема да се повлече од Појасот Газа

Масакр во Газа: 19 Палестинци се убиени, над 35 се тешко ранети

Американски генерал го предупредил Пентагон дека САД немаат доволно сили да го бранат Израел

Шпански министер индиректно го обвини Израел за упадот на мигрантите во Сеута

Катерина Ѓуровски