СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Од:

СДСМ обвини дека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски води „тајни разговори за иднината на Македонија“, оценувајќи дека јавноста има право да знае за што се разговара кога, како што велат од партијата, станува збор за прашања од државен интерес.

„Не постои земја во светот во која министер за надворешни работи јавно кажува дека води разговори за судбината на државата, а притоа тие да бидат тајна. Како може иднината на Македонија да биде тајна за нејзините граѓани?“, наведуваат од СДСМ.

Од опозициската партија реагираат и на изјавата на Муцунски дека актуелната власт, за разлика од претходната, „не е попустлива“, при што потсетуваат на претходни изјави на државниот врв.

Во соопштението се наведува дека премиерот Христијан Мицкоски го нарекол Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјавила оти националниот идентитет, јазикот и културата се целосно заштитени, како и дека Муцунски позитивно се изјаснил за членството во НАТО и неговото значење за безбедноста и привлекувањето странски инвестиции.

СДСМ оценува дека со тие изјави претставниците на власта индиректно ги признале, како што велат, дипломатските успеси на претходната влада и прашуваат „за какви попуштања зборува Муцунски“.

Воедно, од партијата тврдат дека владата предводена од СДСМ била транспарентна во водењето на надворешната политика и дека не носела одлуки зад затворени врати.

На крајот од соопштението, СДСМ поставува прашање до граѓаните дали имаат доверба во, како што велат, „тајните разговори“ што Муцунски ги води во име на државата, како и дали му веруваат на премиерот Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат