ВИДЕО: Украинците погодија руски институт за беспилотни летала, Русија објави дека е убиено мало девојче на игралиште

Од:

Во напад со украински дрон врз игралиште во руската погранична Белгородска област синоќа загина едно дете, а две други се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот. Украинската страна засега не се огласи за овие тврдења.

Во текот на ноќта украински дронови навистина ја нападнаа Белгородската област, при што беше погоден и руски технолошки институт кој се занимава со развој на беспилотни летала и воена технологија.

Според гувернерот на Белгород, Александар Шаваев, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, недалеку од украинската граница.

Тој наведе дека лекарите не успеале да спасат 13-годишно девојче кое се здобило со тешки повреди. Во болница се лекуваат уште две девојчиња, на возраст од 7 и 9 години.

Руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, според руските новински агенции, го осуди нападот, нарекувајќи го „уште еден нехуман терористички чин на режимот во Киев“.

Тврдењата за нападот и бројот на жртви не можат независно да бидат потврдени. Украинските власти засега не коментираа за инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кој е генералот Чајко, целта на нападот во московскиот ресторан

ВИДЕО: Дел од Крим без струја поради украинските напади, храна се дели на улиците

ВИДЕО: Жесток напад, експлозии, мртви и повредени во Киев

Русија испраќа сметка до Европа, бара обештетување и враќање на 263 милијарди евра

(ВИДЕО) Зеленски: Иран ни се заканува, но нè нападна одамна

Истражување: ChatGPT и Gemini ширеле руска пропаганда