Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот на неделата кога дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Жешкото време прави проблеми и насекаде во регионот. Во Грција продолжува битката со пожарите, најтешка е ситуацијата во регионот на Атина. Во Србија, екстремно ниското нивно на Дунав доведе до намалување на производството на електрична енергија, транспортот по реката е драстично намален.

Романија за првпат во историјата ќе ги исклучи двата нуклеарни реактори во електраната Чернавода поради рекордно нискиот водостој на Дунав, што дополнително ќе ја зголеми зависноста на земјата од увоз на електрична енергија и ќе изврши притисок врз цените на регионалниот пазар.

Унгарската влада донесе уредба со која им овозможува на надлежните институции да ги исклучат од електроенергетската мрежа големите индустриски потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, јавува унгарскиот портал „Индекс“.

„Објавена е владината уредба која стапува во сила во 19 часот и овозможува големите индустриски потрошувачи да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија доколку не го спроведат бараното намалување на потрошувачката“, напиша премиерот Петер Маѓар на Фејсбук.

Одлуката доаѓа откако нуклеарната електрана „Пакш“ соопшти дека, поради дополнителниот пад на водостојот на Дунав предизвикан од продолжениот сушен период, ќе биде исклучен турбогенераторот на првиот блок.

Маѓар претходно предупреди дека се очекува целосно запирање на нуклеарната електрана до средината на следната недела. Нејзиното повторно пуштање во работа ќе зависи од порастот на нивото на Дунав, а според сегашните проценки прекинот би можел да трае околу една недела. Електраната ќе биде рестартирана кога врнежите во сливот на Дунав ќе овозможат стабилизација на водостојот.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Речиси 13.000 починати поради жештините во Германија и Велика Британија

Топлотен бран следните 10 дена, температурите над 40 степени

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло