Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Од:

Уапсен е жител на струмичко село кој предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, забележан е од полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено мерење со дрегер е утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта – се наведува во соопштението на Министерството.

Од МВР информираат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а најавуваат дека по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

ВИДЕО: Потера во Словенија – застрела полицаец и побегна со полициски автомобил

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски