Србија прогласи вонредна состојба

Од:

Српскиот премиер, Ѓуро Мацут, денес изјави дека поради екстремно ниското ниво на водата на Дунав и топлотниот бран, преземени се вонредни превентивни мерки, вклучително и прогласување вонредна состојба во дел од Автономната покраина Војводина.

Премиерот нагласи дека на терен веќе се спроведува интензивна техничка работа за да се спречи загрозување на економијата и граѓаните од историски ниското ниво на водата на Дунав.

„Денес имавме вонредна седница на кризниот штаб посветена на овој проблем. Во моментов се работи интензивно на отстранување на подводните насипи со цел да се овозможи пренасочување на зафаќањето на водата кон пумпните станици за полнење на каналите во системот Дунав-Тиса-Дунав, како и во целиот систем за водоснабдување“, рече Мацут по посетата на трафостаницата Белград 44 во Сурчин.

Тој нагласи дека речниот систем се гледа како целина и дека работата се координира по целиот тек на Дунав низ Србија, во соработка со Министерството за економија и други надлежни служби.

„Засега немаме никакви грижи, во моментов сме целосно безбедни. Сè што преземаме се превентивни мерки за да се спречи можноста за какви било нарушувања и однапред да се подготвиме за продолжување на летниот период“, заклучи премиерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија