ВИДЕО: Штрајкот направи хаос на границите, километарки колони на Евзони

Од:

Патниците кои денеска патуваат кон Грција или се враќаат дома се соочуваат со километарски колони и повеќечасовни застои на јужната граница поради штрајкот на грчките царински службеници. На социјалните мрежи се објавуваат видеа од огромни колони возила на граничниот премин Евзони, каде што возачите со часови чекаат за влез или излез од Грција.

Сообраќајот на граничните премини Евзони (Богородица), Ники (Меџитлија) и Дојрани (Дојран) се одвива по посебен, забавен режим. Патничките возила се пропуштаат во интервали од по десет минути, што дополнително ги зголемува задржувањата.

За разлика од патничките автомобили, товарниот сообраќај е целосно запрен. Камионите и останатите товарни возила не можат ниту да влезат, ниту да излезат од Грција додека трае штрајкот.

Грчките царински службеници со протестот бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена работа, сменска работа, работа за време на празници и викенди. Според нивните најави, станува збор за предупредувачки штрајк што ги опфаќа сите копнени гранични премини во земјата.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека македонските гранични служби работат непречено и според редовните процедури. Посочуваат дека евентуалните задржувања зависат исклучиво од динамиката на работа на грчките гранични служби, а до патниците апелираат да бидат трпеливи и, доколку се во можност, патувањето да го планираат по завршувањето на штрајкот.

Би можело да ве интересира

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На Богородица и на Дојран се чека за излез кон Грција

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час

Катерина Ѓуровски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на „Евзони“ за да се скрати времето на чекање