ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

Од:

За разлика од кадарот на СДС, ДУИ и Таравари, во името на Валбон Лимани, кои освен што задоцнија со мерките и помошта на граѓаните, не се ни извинија и оградија од нивниот кандидат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа и докажа како треба да се справуваме во време на криза, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

– Над 60 тони вода секојдневно гостиварчани добиваат за пиење и технички потреби од страна на СОЗР. Препораки и мерки за тоа што треба да се прави во оваа локална епидемија, беа веднаш предочени од ИЈЗ и Министерството за здравство. Осомничените за овој скандал беа веднаш приведени и притворени од страна на МВР и се работи на собирање на докази кои ќе бидат доставени до ЈО.

Дополнително се работи и на отстранување на проблемот, со кој беа затруени нашите сограѓани од Гостивар за да можат побрзо да ја користат водата барем за технички потреби.

И најважно, очекуваме во оваа истрага обвинителството и судството да си ја завршат својата работа, а не како пред 6 години кога за модуларната болница, наместо Филипче, виновен да е кабелот. Ете, ова е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во време на кризни моменти. Некои ја сфаќаат сериозно работата и испорачуваат, а други ликуваат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?