Утринава, за време на невреме што зафати делови од Кварнер, гром удри жена на островот Крк во Хрватска. Жената е пренесена во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Риека и е сместена на одделот за интензивна нега, потврдија од таа здравствена установа.
Како што се дознава, несреќата се случила околу 7:10 часот наутро на плажата во Башка.
Громот ја удрил додека таа носела чадор, а прва помош ѝ пружил спасувач на плажата, по што со хеликоптер на итната медицинска помош била пренесена во болницата во Риека.
Според неофицијални информации, станува збор за државјанка на Чешка.
