Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Од:

Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа на патот од граничниот премин Блаце кон Скопје, откако нивното возило било пронајдено превртено.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јули 2026 година во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце–Скопје има превртено патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што во возилото биле пронајдени три починати лица – еден маж и две жени. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Од МВР информираат дека претходно, во 13:40 часот, во Полициската станица Бит Пазар државјанин на Косово пријавил исчезнување на три лица. Последниот контакт со нив го имал на 18 јули околу 22:15 часот, кога тие се наоѓале на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Надлежните служби вршат увид, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Би можело да ве интересира

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски

Починат мигрант пронајден кај Мрзенци, телото испратено на обдукција

Кривична за вработена во Министерството за здравство: не направила контрола во фирма за производство на медицински канабис

Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист

А1он

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски