СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

Од:

Денес граѓаните кои тргнаа на одмор можат на своја кожа да осетат видат политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Додека точат гориво на пумпите и стојат во редици со повеќе колони со часови на границата со Грција, јасно им станува дека зборот „изолација“ не е празна фраза. Ова е директна последица на политиката на ВМРО-ОКГ. Наместо да се отвори европскиот пат и да се олесни движењето на граѓаните, тие свесно ја држат Македонија во изолација, велат од СДСМ.

– Резултатот е видлив секој летен ден – илјадници граѓани заглавени на граница, изгубени часови, исцрпени семејства и деца. Во исто време, Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ со нивните семејства имаат посебен граничен премин. Тие поседуваат бугарски пасоши и патуваат како граѓани на Европската унија. Државниот авион, купен со парите на граѓаните, за нив веќе функционира како приватен.

Затоа и сакаа да купат уште еден нов авион. Многумина од нив имаат бугарски пасоши, па треба слободно да патуваат со авион. Мицкоски на море не може да оди поинаку – колената го болат од клечењето и лажните ветувања со кои дојде на власт. Додека обичниот граѓанин тешко врзува крај со крај, овие „патриоти“ уживаат во привилегиите што сами си ги обезбедиле. Едни чекаат по 8-10 часа на граница, други летаат со државен авион и поминуваат на посебен премин. Затоа е важно да се каже јасно: Европа, а не изолација и криминална група на власт. Изолацијата не е само политички концепт, таа е реалност која граѓаните ја плаќаат секој ден, секое лето, на секоја граница, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски