(ВИДЕО) САД го напаѓаат Иран осма ноќ по ред по наредба на Доналд Трамп

Од:

САД извршија напади врз Иран осма ноќ по ред по наредба на претседателот Доналд Трамп, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM).

Нападите беа насочени кон силите на Иранската револуционерна гарда, за кои се верува дека извршија напад врз воена база во Јордан во петокот, во кој загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, објави CBS News. Уште еден американски војник е исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети.

САД, исто така, нападнаа ирански воени објекти за крајбрежен надзор и воздушна одбрана, поморски капацитети, како и објекти за складирање ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат иранските воени капацитети, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“