Топлотниот бран однесе повеќе од 12.000 животи низ Европа

Од:

Според прелиминарните податоци од националните статистички служби и анализата на агенцијата АФП, во девет европски земји се регистрирани најмалку 12.000 смртни случаи над вообичаениот просек за време на силниот топлотен бран што го зафати континентот кон крајот на јуни.

Најтешко погодени беа Белгија, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Шпанија и Швајцарија, додека проценките на британската метеоролошка служба (Met Office) покажаа дека во Англија и Велс, во периодот од 18 до 28 јуни, се регистрирани околу 2.200 смртни случаи повеќе од вообичаеното, поврзани со жештините.

Европската мрежа за следење на смртноста „EuroMOMO“, која опфаќа податоци од 24 земји и околу 400 милиони жители, регистрираше дури 14.260 смртни случаи над просекот во последната недела од јуни, што претставува најголем пораст во овој месец откако се води оваа статистика.

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс-Хенри П. Клуге, предупреди дека „ова не е природна катастрофа и се повторува секоја година бидејќи премногу влади продолжуваат да ја третираат жештината како временски феномен, а не како здравствена вонредна состојба“.

Тој додаде дека „постојат алатки што можат да спречат поголем дел од овие смртни случаи, доказите постојат, а на владите останува да одлучат што понатаму“.

Најголем број жртви е регистриран меѓу постарите лица, особено оние над 85-годишна возраст, а некои земји пријавија драматичен пораст на смртноста.

Германија регистрираше околу 5.780 смртни случаи над просекот во текот на најкритичниот период, Франција повеќе од 2.000, додека Белгија забележа 1.747 дополнителни смртни случаи, вклучително и дури 750 за само два дена.

Научниците предупредуваат дека ваквите екстремни топлотни бранови – кои соборија температурни рекорди за јуни во неколку европски земји – станаа значително поверојатни поради климатските промени, поради што се очекува таквите настани да станат почести и поинтензивни во годините што доаѓаат, пренесува ТРТ.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран ја погоди Европа

ВИДЕО: „Нов топлотен бран веќе се формира над Атлантикот, Европа ќе се вари“

ИЈЗ: Да се затворат прозорци и ролетни, да се внесуваат течности, да се избегнува престој на директно сонце

А1он

Европа се претвора во „печка“: Научниците открија зошто континентот се загрева побрзо од остатокот од светот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Франција луѓето буквално се тепаат за клими низ продавниците

(ВИДЕО) Топлотниот бран што ја пустоши Европа се сели кон исток: Германија, Данска и Франција соборуваат рекорди, десетици жртви

Катерина Ѓуровски