Гепинген ја освои титулата во ЕХФ купот

Од:

Ракометарите на германскиот тим Гепинген ја освоија титулата во ЕХФ купот откако синоќа пред своите навивачи во реванш финалето од ова натпреварување ја совладаа француската екипа Данкерк со 34:28 (вкупно 60:54).

Со овој резултат Гепинген воедно ја одбрани титулата во ова натпреварување. Ове е 14.ти пат германска екипа да победи во ЕХФ купот.

Вечерва во финалето на Купот на куповите се игра реваншот меѓу германските екипи Флензбург и Гумерсбах. Предност од 34:33 од првиот натпревар има тимот на Флензбург.

Реванш финалето од Челинџ купот меѓу Вакер (Швајцарија) и Диомидис (Грција) ќе се одигра во понеделник на 28. мај, откако во текот на викендот во Келн ќе се играат натпреварите од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Во сабота се полуфиналните натпревари Атлетико Мадрид на нашиот Кирил Лазаров игра против Копенхаген, додека во првото полуфинале ќе играат германските тимови Берлин и Кил.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ