Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван, изјави портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.
– Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително. Сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува. Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината.
Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик. Сѐ е јасно како ден. Ете како контролиранаото судство на Мицкоски ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски. Затоа Ристовска беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“.
Власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски. Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство. Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Оваа пресуда е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта, рече таа.
