Иран тврди дека извршила напади врз американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин

Од:

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) и иранската армија денес објавија дека извршиле повеќекратни напади врз американски воени објекти во Кувајт, Јордан и Бахреин како дел од операцијата „Наср 2“, наведувајќи дека ова е одговор на она што тие го тврдат дека се американски напади врз цели во Иран, објави новинската агенција „Тасним“.

Во пораките испратени до народот на Кувајт и Јордан, ИРГЦ објави дека нејзините сили уништиле центар за сателитски комуникации, радарски и противвоздушни системи, воена база и ракетни лансери во Кувајт, како и дека ја нападнале американската база „Ал-Азрак“ во Јордан, каде што, според нив, биле уништени хангари за борбени авиони и неколку беспилотни летала.

Исто така, беше објавено дека е спроведена осмата фаза од операцијата „Молња“, за време на која беспилотните летала по втор пат ги таргетирале американските воени позиции во базата „Ал-Азрак“ во Јордан.

Според Гардата, петтиот бран од операцијата „Наср 2“ го уништил командниот и контролниот центар, складиштата за воена опрема и резервоарите за гориво на Петтата флота на САД во Бахреин.

Револуционерната гарда тврди дека во четвртиот бран од истата операција, го запалила и уништила, како што наведува, главниот центар за воена подготвеност и поддршка на САД во Западна Азија во областа Мина Абдула во Кувајт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Што остана од клучниот саудиски нафтовод

ВИДЕО: Нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Погоден ирански танкер во Ормускиот теснец, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“