Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се одговорни за недонесувањето на Изборниот законик и оцени дека тоа претставува блокада на државниот напредок.

Според Манасиевски, измените на Изборниот законик требало да бидат усвоени не само по барање на политичките партии, туку и заради вградување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и поради обврските од Реформската агенда.

„Девет од десет реформи се исполнети, а таа една што останува е директна вина на коалицијата на СДС, Левица и ДУИ“, изјави Манасиевски.

Тој додаде дека опозициските партии не се заинтересирани за усвојување на нов Изборен законик, туку, како што рече, сакаат на следните избори да се претстават како оштетени поради тоа што законот не бил донесен.

Манасиевски истакна дека поради истекувањето на рокот за усвојување на Изборниот законик, државата ризикува да остане без дополнителни средства од Планот за раст. Тој предупреди дека доколку не се постигне договор, следните избори ќе се одржат според постојниот Изборен законик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, ги нарече опозитиските политичари неодговорни и незрели

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски