ВИДЕО: Тројца мртви во руски напад на Одеса

Од:

Три лица беа убиени во Руски напад врз украинскиот пристанишен град Одеса во среда, потврди локален функционер. Во последните денови, Русија ги интензивираше нападите врз украинските пристаништа на Црното Море, кои се клучни за надворешната трговија на земјата, пишува Ројтерс.

Шефот на воената администрација на градот, Серхиј Лисак, објави на Телеграм дека уште три лица се хоспитализирани. Според него, во нападот се оштетени и станбени згради, но не даде повеќе детали.

Во последните денови, Русија ги засили нападите врз украинските пристаништа во пошироката област на Одеса, кои се од клучно значење за надворешната трговија и воената економија на земјата. Така, регионалниот гувернер Олех Кипер во вторникот објави дека две лица се убиени во вечерен напад со беспилотни летала врз пристанишната инфраструктура. Во тој напад, додаде тој, е оштетен и цивилен брод што пловел под знамето на Маршалските Острови.

Би можело да ве интересира

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Путин го одби Зеленски

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Предраг Петровиќ

Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти