Џо Кол: „Ќе го пратиме Меси на спиење, Англија ќе игра во финале“

Од:

Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство (среда, 21:00 часот), а тензиите веќе започнаа од двете страни, иако, судејќи според она што може да се види, Англичаните предничат во тоа.

Познато е што за нив значи 1986 година: додека за Аргентина таа е „Божјата рака“, за Англичаните претставува „проклетство“.

Тогаш се сретнаа на славниот стадион „Ацтека“ во четвртфиналето, а Марадона постигна два гола.

Едниот беше прогласен за најдобар гол на 20-тиот век, додека другиот – „Божјата рака“ – е можеби најпознатиот гол во историјата.

Пред натпреварот се огласи и екс репрезентативецот Џо Кол, кој имаше директна порака за Лео Меси.

– Ова е првпат Меси да игра против Англија? Ќе го пратиме на спиење. Стопроцентно! Овде и сега повторувам: Англија оди во финалето на Светското првенство. Имаме премногу ритам и поголема брзина од Аргентина и ќе ги победиме. Го чувствувам тоа во коските“, рече Кол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Познатиот аргентински фудбалер има проблеми со менталното здравје

А1он

Меси веќе нема да игра за Аргентина

А1он

Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот

А1он

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он