Руски дрон се урна и експлодираше во Молдавија

Од:

Руски дрон денес го премина молдавскиот воздушен простор и се урна и експлодираше во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса.

Молдавското Министерство за надворешни работи го осуди настанот преку Телеграм, нарекувајќи го „сериозно и неприфатливо кршење“ на воздушниот простор.

„Овој нов инцидент е сериозно и неприфатливо кршење на воздушниот простор на Република Молдавија. Уште еднаш потврдува дека агресивната војна на Руската Федерација против Украина создава директни безбедносни ризици за нашите граѓани и целиот регион“, соопшти министерството.

Министерството додаде дека Молдавија останува посветена на одбраната на својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Исто така, беше објавено дека соработката со меѓународните партнери ќе продолжи да ја зајакнува безбедноста и отпорноста на земјата од вакви закани.

Би можело да ве интересира

Русија испрати „чудовиште“: Дронот „Изделие К5“ првпат снимен на фронтот

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја стресе Романија и Молдавија

Горан Наумовски

Со дрон се обидоа за внесат мобилни телефони во затвор во Грција

А1он

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

Дрон удрил во возот во кој беа фудбалерите на „Локомотив Москва“

А1он

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски