Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Од:

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски се откажува од европската перспектива на државата и ја води Македонија кон изолација, оценувајќи дека Владата нема волја за спроведување на реформите неопходни за членство во Европската Унија.

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека Мицкоски со своите последни изјави потврдил дека е подготвен „со децении да чека покана“ за членство во ЕУ, наместо активно да работи на европската интеграција.

Според Кузеска, причината за таквиот пристап е стравот од европските стандарди, независното судство и одговорноста за, како што рече, злоупотребите и криминалот.

„За жал, цената за неговото заложништво ја плаќаат сите граѓани, а најмногу младите кои ќе продолжат да се иселуваат“, изјави Кузеска.

Таа оцени дека Мицкоски дошол на власт со ветувања кои не ги исполнил и дека денес, наместо реформи, бара изговори.

Од СДСМ порачаа дека европската интеграција значи подобар животен стандард, посилна економија, повеќе странски инвестиции, пристап до европскиот пазар, поквалитетно образование и користење на европските фондови.

Партијата, исто така, обвини дека Владата ја користи можноста за задолжување наместо да работи на реформите и предупреди дека во иднина може да се бараат нови изговори, вклучително и за предвремени избори.

„Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи“, порача Кузеска на крајот од прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите