Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека денеска во 12:37 часот е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот.

Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што механизацијата тешко може да интервенира.

Од локалната самоуправа посочуваат дека, според првичните сознанија, не станува збор за случаен предизвикувач на пожар, туку за лице кое добро го познава теренот и избира локации каде што противпожарните екипи најтешко можат да интервенираат.

Паралелно со интервенцијата, ТППЕ Валандово повторно упати апел до граѓаните да не палат стрништа и други површини на отворен простор, потсетувајќи дека ваквите постапки се казниви согласно закон и претставуваат сериозна опасност за животот, имотот и животната средина.

– Против секое лице кое ќе биде затекнато или пријавено дека пали стрништа ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежните институции, информираат од ТППЕ Валандово.

Од службата ги повикуваат граѓаните веднаш да пријават доколку забележат пожар на телефонските броеви 193 (Територијална противпожарна единица) или 112 (Единствен број за итни случаи).

Овој пожар доаѓа само неколку дена откако Општина Валандово најави засилени мерки за превенција од пожари. На состанокот на Локалниот совет за превенција беше договорена поинтензивна координација меѓу надлежните институции, како и засилени контроли и патроли на критичните локации, со идентификација на лица кои се движат во ризичните подрачја.

Воедно, од општината потсетуваат дека сè уште е во сила владината одлука за целосна забрана за движење во шумите, освен за лицата кои поседуваат соодветна дозвола издадена од ЈП „Национални шуми“ – се посочува во соопштението од ДЗС.

Надлежните повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување, нагласувајќи дека превенцијата останува најдобрата заштита од пожари.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи