Мал авион се урна на Бахамите, западно од главниот град Насау, при што загинаа сите 10 лица кои се наоѓале во леталото, соопштија локалните власти.
Авионот од типот „Cessna 402“, управуван од локалната авиокомпанија „Flamingo Air“, полетал во петокот од Меѓународниот аеродром „Линден Пиндлинг“ во Насау кон аеродромот „Сан Андрос“.
За време на летот авионот наишол на технички проблеми и се урнал во грмушки непосредно пред слетувањето, пренесува Би-Би-Си.
Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, првично соопшти дека едно лице ја преживеало несреќата, но подоцна беше потврдено дека починало од здобиените повреди.
Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се официјално објавени, наведува Би-Би-Си.
