Трамп: Иран нè моли за разговори!

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран побарал продолжување на преговорите со Соединетите Американски Држави.

Трамп додаде дека Вашингтон му соопштил на Техеран оти смета дека примирјето е завршено.

– Исламската Република Иран побара од нас да ги продолжиме разговорите. Ние се согласивме на тоа, но Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека примирјето е завршено – напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Истовремено, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан оцени дека примирјето меѓу Иран и САД сè уште може да опстане, и покрај тврдењето на Трамп дека тоа е завршено.

По самитот на НАТО во Анкара, Фидан изјави дека најновите активности на Иран претставувале „одмазда“ и истакна дека недоразбирањата и лошата комуникација меѓу двете страни придонеле за новата криза, пренесе порталот „The National News“.

Според него, евентуалниот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран би можел да биде основа за пошироки разговори за стабилноста во регионот.

Би можело да ве интересира

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска

А1он

Трамп: Не се противам кинеските производители на автомобили да отвораат фабрики во САД

А1он

САД ја заоструваат трговската војна со Канада: Трамп забрани увоз на пиво, алкохол, мотоцикли и млечни производи

A1on

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он