Во текот на летот од Солун кон Минхен се случил сериозен инцидент откако дошло до оштетување на прозорец во кабината на авионот, што предизвикало декомпресија и паника меѓу патниците. Леталото, кое полетало од аеродромот „Македонија“ во Солун, по инцидентот безбедно се вратило на аеродромот на поаѓање.
BREAKING: Ryanair passenger reportedly saved from being sucked out the cabin after window fails during a flight from Thessaloniki to Memmingen.
According to local media Ryanair flight FR1879, a Boeing 737-8AS, returned safely to Greece on Friday after part of a damaged engine… pic.twitter.com/YPgRodjPFp
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) July 10, 2026
Според грчките медиуми, повреден е 61-годишен државјанин на Србија кој седел во близина на оштетениот прозорец. Наводно, за време на спуштањето дел од моторот се одвоил и удрил во прозорецот, по што дошло до нагло намалување на притисокот во кабината.
Сведоци раскажуваат дека патникот бил изложен на силен воздушен удар и дека останатите патници реагирале брзо за да му помогнат. Според нивните тврдења, безбедносниот појас одиграл клучна улога во спречување на потешки последици.
Повредениот бил свесен по слетувањето, но се наоѓал во состојба на шок. Со возило на брза помош бил пренесен во болница во Солун, каде што му биле констатирани повреди на вратот и изгореници.
Од претпазливост, уште четворица патници биле прегледани во болница. Тројца од нив биле пуштени на домашно лекување, додека едно лице останало под медицински надзор за дополнителни испитувања.
Надлежните служби започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот и околностите под кои дошло до оштетување на авионот.
