Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени

Од:

Две лица се повредени откако ноќеска била фрлена рачна бомба врз угостителски објект во тетовското село Добарце.

Според информациите од МВР, на 8 јули во 01:20 часот, во Полициското одделение Групчин, 51-годишниот Д.Ф. од Добарце пријавил дека од патничко возило „цитроен“ во движење била фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, кој се наоѓа покрај локалниот пат во селото.

Во експлозијата била предизвикана материјална штета, а повредени се Е.А. (57) од селото Чифлик и Г.Ф. (60) од Добарце, кои во моментот се наоѓале во кругот на ресторанот. Тие биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва