Путин: Киев нема да ја разниша руската енергетска индустрија

Од:

„Киев се обидува да предизвика нервоза во руското општество, но тоа е невозможно“ – изјави претседателот на Русија, Владимир Путин, на состанок со членовите на Владата.

„Сосема е јасно дека непријателот сака да ѝ нанесе штета на економијата, но пред сè сака да создаде нервозна атмосфера во општеството. Сепак, тоа е невозможна задача. Рускиот енергетски систем има многу висок степен на отпорност, еден од најголемите во светот“, рече Путин за време на разговорот со министерот за енергетика Александар Новак.

Новак истакна дека Русија вовела целосна забрана за извоз на дизел гориво со цел да се зголемат количините на домашниот пазар.

Тој додаде дека Владата преговара со „Руски железници“ за можноста за намалување на транспортните тарифи за да се олесни дистрибуцијата на гориво.

Според него, украинските напади врз руските рафинерии оштетиле неколку постројки за преработка на нафта, што довело до намалување на производството и промени во испораката на гориво до потрошувачите. Истовремено, побарувачката за гориво во Русија се зголемила за околу една третина во споредба со минатата година.

„Сето ова доведе до дополнителен притисок врз бензинските пумпи, поголем број возила и подолго чекање за полнење“, рече Новак.

Тој потсети дека претходно биле воведени мерки како забрана за извоз на бензин и керозин, и додаде дека ситуацијата делумно се стабилизирала, иако пазарот сè уште е сложен.

Путин побара да се обезбеди доволно гориво за државните институции и безбедносните служби, но нагласи дека граѓаните не смеат да почувствуваат недостиг. Тој го поддржа вклучувањето на малите и средните претпријатија во преработката на нафта и проширувањето на мрежата за дистрибуција на гориво.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп и Путин разговараа еден и пол час, Кремљ објави детали

Путин: НАТО повеќе не крие дека се подготвува за војна со нас

А1он

Путин: Руските сили напредуваат во сите правци

А1он

Украина погоди поморска база длабоко во Русија

А1он

Воен аналитичар: Во своето писмо, Зеленски иронично и саркастично го исмеа и понижи Путин

А1он

Путин доби сериозно предупредување – нивото на воени трошоци станува неодржливо за економијата на земјата

А1он