(ВИДЕО) Тренчевска: Ребалансот не нуди реформи и развој, туку поголеми долгови и фискален нестабилност

Од:

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година порача дека предложениот ребаланс ги потврдува погрешните економски проекции на Владата и покажува дека наместо фискална консолидација, државата се движи кон поголем дефицит, повисоко задолжување и дополнително стеснување на фискалниот простор.

Тренчевска посочи дека расходите растат значително побрзо од приходите, а разликата повторно ќе се покрива со нови задолжувања, што создава сериозен товар за јавните финансии во наредните години, и нови скапи долгови кои ќе ги враќаат граѓаните.

„Особено е забележливо што расходите се зголемуваат со значително побрзо темпо од приходите. Додека приходната страна се ревидира за околу 4,6 милијарди денари, расходите растат за 11,6 милијарди денари. Разликата помеѓу овие две категории ќе се покрие преку дополнително задолжување, што подразбира дека поголемиот дел од новата јавна потрошувачка нема да биде финансирана од тековните буџетски приходи“, рече Тренчевска.

Дополнителен проблем како што посочи Тренчевска, е што Владата истовремено ги ревидира економските проекции, признавајќи послаб економски раст и повисока инфлација, но и покрај тоа го зголемува буџетскиот дефицит.

„Во ребалансот проекцијата за реален раст на БДП е ревидирана од 3,8% на 3,5%. Во првиот квартал од 2026 година растот изнесува 3,1%. Инфлацијата е ревидирана нагоре на 4,5%, а просечната инфлација во првите пет месеци изнесува 4,3%. Ова значи дека Владата се соочува со послаб раст и повисоки цени, а сепак одговара со поголем дефицит. Особено важно е што примарниот дефицит се влошува речиси исто како и вкупниот дефицит, што значи дека оправдувањето со камати и стар долг не држи. И ова е фискално ризичен пристап во услови на повисока инфлација. Буџетот треба да биде внимателен, таргетиран и развоен. Наместо тоа, имаме поширок дефицит и поголем простор за тековна потрошувачка“, рече Тренчевска.

Дополнително, Тренчевска предупреди дека Владата на ВМРО за две години го зголеми јавниот долг за околу 2,5 милијарди евра и дека продолжува да ја финансира потрошувачката преку нови кредити, наместо преку продуктивен економски раст.

„Тоа значи дека за нешто повеќе од две години државата добива нов должнички товар од приближно 2,5 милијарди евра.Јавниот долг веќе е на ниво што бара сериозна внимателност, затоа што државата се движи околу, односно над референтниот праг од 60% од БДП. Во самиот ребаланс е наведено дека на 31 март 2026 година јавниот долг достигнува 10,747 милијарди евра, односно 58,9% од БДП, со официјална проекција да достигне 61,5% од БДП“, рече Тренчевска.

Пратеничката Тренчевска порача дека повисок економски раст не може да се обезбеди преку задолжување и трошење, туку преку инвестиции и продуктивност.

„За повисок и одржлив економски раст, инвестициите треба да растат побрзо од БДП, бидејќи тие создаваат нов капитал, продуктивност и идно производство. Ама, како што спомнав погоре, тоа не е случај овде кај нас и не е случај ниту со буџетот ниту со ребалансот“, рече Тренчевска.

Таа додаде дека ребалансот не носи реформи, туку создава дополнителни ризици за јавните финансии.

„Имаме буџет без реформи, со повеќе долгови. Наместо стабилизација, се создава нов фискален ризик, што го потврдува и мислењето на Фискалниот совет, а Владата го поткопува сопствениот план за фискална консолидација“, рече Тренчевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: „Твоја држава – твоја шанса“ – СДСМ најавува раст на платите и пензиите

Ги излажавте транспортерите обвини Тренчевска, вршиме притисок на Брисел објаснува Димитровски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Европа реагира и испраќа јасна порака дека корупцијата на ДПМНЕ не се толерира, одговорност мора да има

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта сака да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот – мигранти за пари

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар