(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Од:

Мицкоски и ВМРО немаат намера да се откажат од обидите за манипулација и злоупотреби со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако сфати дека не може да го протнешверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж. Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака Мицкоски да ги прикаже. Радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

– СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја. Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес. Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации. Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората.

Од што се плаши власта? Ако навистина нивната цел е фер и демократски изборен процес, тогаш зошто бегаат од механизам што обезбедува контрола, доверба и согласност меѓу сите политички чинители? Но, вистината е дека нивната цел не е подобар изборен процес, туку отворање простор за изборен инженеринг и манипулација. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората, вели таа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски