Сè повеќе македонски матуранти избираат германска универзитетска диплома во Скопје

Од:

На Хајделберг Факултетот во Скопје достапни се уште само 10 места за академската 2026/2027 година

Во време кога изборот на високо образование станува една од најважните одлуки за иднината на младите, сè повеќе матуранти и родители бараат студиска програма која не завршува само со диплома, туку отвора реална патека кон професионален развој, практично искуство и конкурентност на пазарот на труд.

Хајделберг Факултетот во Скопје го носи германскиот модел на високо образование директно во Македонија, нудејќи можност студентите да се стекнат со европска-германска универзитетска диплома, во соработка со Универзитетот Провадис од Франкфурт.

Станува збор за првиот и единствен факултет во земјата кој нуди ваков модел на студирање, со програми насочени кон области кои се меѓу најбараните на современиот пазар на труд: Бизнис администрација, Банкарство, Осигурување, Контролинг и Дигитален маркетинг.

„Со Хајделберг Факултетот во Скопје, ние не само што пренесуваме знаење, туку го интегрираме докажаниот германски систем на високо образование директно во Македонија. Ова е систем кој обезбедува стабилност, прецизност и квалитет според највисоките европски мерила,“ истакнува проф. д-р Улрих Цајтел, Претседател на Бордот на директори од Германија.

Клучната предност на Хајделберг Факултетот е дуалниот модел на образование, кој ги поврзува студентите со компаниите уште во текот на студирањето. На тој начин, теоретското знаење не останува само во предавална, туку се надградува преку практична примена во реална деловна средина.

Преку новоформираниот Бизнис совет на Хајделберг, во кој учествуваат водечки компании од земјата, студентите добиваат можност за платени пракси, работни ангажмани и директен контакт со бизнис-секторот уште додека студираат. Овој пристап им овозможува на младите да стекнат работно искуство, професионални навики и финансиска независност пред дипломирањето.

„Ова е значаен чекор за македонскиот образовен систем. Нашата мисија е јасна – да им понудиме на младите можност да се стекнат со врвна европска диплома дома, а на нивните родители сигурност дека инвестираат во образование кое создава реална основа за стабилна и успешна кариера,“ нагласува проф. д-р Синиша Наумоски.

Посебен акцент во наставниот процес е ставен на индивидуалниот пристап кон секој студент. Хајделберг Факултетот во Скопје за академската 2026/2027 година отвора врати за максимум 30 студенти, со цел да се обезбеди менторска работа, квалитетна настава и внимателно следење на развојот на секој студент.

Од вкупно предвидените 30 места, достапни се уште само 10, што го потврдува зголемениот интерес за германскиот модел на образование во Македонија уште во раната фаза на уписите.

„Врвниот квалитет бара посветеност. Нашата квота од максимум 30 студенти ни овозможува да работиме индивидуално со секој талент. Само преку ваков менторски пристап можеме да ги развиеме нивните лидерски капацитети до максимум и да го зачуваме премиум германскиот квалитет на наставата,“ потенцира проф. д-р Роналд Глаих, член на Бордот на директори од Германија.

Со овој модел, Хајделберг Факултетот во Скопје поставува нов стандард во високото образование во земјата, поврзувајќи ги европската академска извонредност, германската дисциплина и потребите на реалниот бизнис-сектор.

Би можело да ве интересира

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Аргентина до САД испрати список: 13.000 татковци што не плаќаат алиментација нема да можат на стадионите

Како Халанд стана најзабавниот фудбалер на Светското првенство? Не поради головите, туку поради Snapchat

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам стана милијардер: Тој е побогат од кралот Чарлс

Предраг Петровиќ

Се шират гласини за локацијата на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси: Дали двојката ќе има свадба во Њујорк?

Предраг Петровиќ

Како да спречите дехидрирање, топлотен удар и да го опоравите телото по физички напор на високи температури?