(ВИДЕО) Русите се одмаздуваат: Киев бомбардиран со часови со балистички ракети и дронови

Од:

Русија преку ноќта изврши еден од најмоќните воздушни напади врз украинската престолнина од почетокот на војната. Киев беше бомбардиран со часови со балистички ракети и стотици беспилотни летала, погодувајќи станбени згради, болници, хотели, енергетска инфраструктура и бројни други цивилни објекти. Според најновите податоци, најмалку 21 лице загинало, додека повеќе од 80 се повредени, а спасувачките служби сè уште ги пребаруваат урнатините и постојат стравувања дека бројот на жртви може да се зголеми.

Според весникот „Киев Индепендент“, нападот се случил само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската армија подготвува нов голем бран напади врз Украина. Шефот на градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека најмалку 20 лица ги загубиле животите, додека Државната служба за вонредни состојби на Украина објави дека спасувачките операции сè уште се во тек, особено на местото каде што делумно се урна повеќекатна станбена зграда.

Руските вооружени сили пак соопштија дека извршиле интензивен напад со високопрецизно оружје со долг дострел и системи за ударни беспилотни летала врз објекти на воената индустрија и енергетски објекти во Киев и Киевската област, како одмазда за нападите на украинската армија на руска територија, објави руското Министерство за одбрана.

Како што се додава во соопштението, во нападот врз Киев е уништена компанијата за радиоелектроника „Радионикс“, во која се произведуваат контролните системи за ракетите „Фламинго“, „Огнен поинт“ и „Нептун“.

Во нападите врз Киев и неговата околина е уништен и индустрискиот погон каде што се произведуваат и складираат радиоелектронските борбени системи „лима“.

Како што наведува руското Министерство, уништени се и бензински дистрибутивни станици во Киев и Киевската област кои снабдуваат компании од украинската одбранбена индустрија, како и фабрика за производство и склопување на компоненти за ракети што произведува и надградува нишани за оклопни возила на украинските вооружени сили и компоненти за беспилотни летала.

Покрај тоа, руските сили нападнаа складиште за гориво и мазива што го снабдува гарнизонот во Киев со дизел, како и транспортен и логистички центар во кој се складирани беспилотни летала, боеви глави, муниција и компоненти на опрема.

Министерството додаде дека биле погодени и фабриката за производство на дронови „Атлон Авија“ во Киев, која ги снабдува украинските вооружени сили со беспилотни летала „Јути“, како и фабриката за склопување делови од авиони на компанијата „Антонов“ и Киевскиот радио институт.

Напади беа извршени и врз воените аеродроми во регионите Киев, Дњепропетровск, Полтава, Черкаси и Чернихив.

Беспилотни системи „геранј“ беа користени за напад врз бензински пумпи што ги користи украинската армија, логистички центар за испорака и складирање на дронови во областа Николаев.

Во исто време, руската армија ја презеде контролата и врз градот Пискуновка во ДНР, објави Спутник.

Руските системи за воздушна одбрана соборија 11 наводни воздушни бомби и 631 беспилотни летала, а Црноморската флота уништи украински беспилотен брод во северозападниот дел на Црното Море, објави Министерството за одбрана, додавајќи дека украинската армија изгубила 1.465 војници во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Зголемени активности околу иранските нуклеарни постројки

ВИДЕО: Страотен руски напад на Киев, има мртви и десетици повредени

ВИДЕО: Издадено предупредување; Русите подготвуваат пекол

Си Џинпинг: КПК испиша „највеличествен еп“ во историјата на Кина, модернизацијата останува главна цел

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Човекот што ѝ ги задава најтешките удари на Русија објави видео: „Паѓаат како есенски лисја“

Украина воведува бонуси. 2.000 евра за заробен Русин, 300 за убиство