Во Казнено-поправната установа „Затвор Штип“ е пријавен тежок кривичен настан, откако 59-годишен осуденик од струмичко е осомничен дека извршил обљуба врз друг осуденик.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни 2026 година во 11:32 часот во СВР Штип од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив од затворот бил донесен 39-годишен осуденик од кавадаречко.
Според пријавеното, во просториите на затворот 59-годишен осуденик од струмичко извршил обљуба врз оштетениот.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
