Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Од:

Трагична несреќа се случила во близина на кавадаречкото село Мрежичко, каде што животот го загубил 56-годишен возач од Кавадарци.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 јуни 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот, при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело и паднало во провалија. Со камионот управувал И.К. (56) од Кавадарци.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

Во извлекувањето на телото и товарното возило од провалијата учествувале алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, полициски службеници од ОВР Кавадарци и припадници на Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а причините за несреќата се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка