Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

Од:

– До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот помеѓу селата Тркање и Бање во Чешиново-Облешево, каде гори ниска вегетација, како и пожар во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Пласница, каде гореше депонија.

Во текот на денот се изгаснати пожари во Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи