Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Од:

Кривична пријава поднесе ОВР – Струга против Н.С., 42-годишна мајка од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по член 201, став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат – пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Гори насекаде, 17 пожари до 13 часот

Левица: Мицкоски континуирано нѐ прогласува за економски гигант, а две минимални плати не стигаат ни за една синдикална кошничка