МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

Од:

Педесет и едногодишник со иницијали С.Г., со престојувалиште во скопско Таор, е лишен од слобода денеска од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје поради постоење основи на сомнение дека ја убил 48-годишната Ж.Г., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– На 26 јуни 2026, С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а следниот ден пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на село Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото, кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69) – информираа од МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта