Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Од:

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање.

-По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи, соопшти Министерството за транспорт.

Од Министерството потенцираат дека ќе останат силно посветени на борбата против нелегалните објекти, доследно и без исклучоци, насекаде низ државата.

-Законот за градење важи подеднакаво за сите и нема да има селективна примена – нагласува Министерството за транспорт.

Во соопштението се истакнува дека нема да се дозволи дивеење со бесправната градба и узурпација на јавното добро.

– Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор – велат од Министерството за транспорт.

Би можело да ве интересира

Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени